ГАЗДАТА НА ПУЦКО ПЕТРОЛ СЕ СЕЛИ ВО „ШУТКА“ Падна првичната одлука за куќен притвор на Јахоски
Оваа одлука е основана врз опасноста од бегство, како и околности кои упатуваат на можноста тој да влијае врз сведоци и да го попречи текот на истрагата“, се вели во соопштението од Судот.
Кривичниот суд денеска попладне го соопшти своето решение со кое ја преиначил претходната одлука во врска со мерката за притвор на сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски. Тој е осомничен во истрагата за набавка на нафтени деривати за потребите на државата. Имено, наместо мерката за куќен притвор која беше одредена по првото судско одлучување, сега Јахоски е упатен во 30-дневен притвор, кој ќе го извршува во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка, за А.Ј., поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, донесе решение со кое ја преиначува одлуката за куќен притвор и му одредува мерка притвор во траење од 30 дена. Оваа одлука е основана врз опасноста од бегство, како и околности кои упатуваат на можноста тој да влијае врз сведоци и да го попречи текот на истрагата“, се вели во соопштението од Судот.
Судот исто така информираше дека донесеното решение е веќе доставено до странките во постапката и дека надлежната полициска станица го обезбедила и спровела Јахоски во истражниот затвор „Скопје“. Странките имаат право да поднесат жалба на ова решение до Апелациониот суд Скопје.
Се потсетува дека претходно, судот и Јавното обвинителство имаа јавно препукување околу тоа кој ја предложил првичната мерка за куќен притвор на Јахоски, која беше оправдана со тврдењето дека тој е старател на четири деца. Подоцна беше откриено дека Јахоски всушност не поднел барање за старателство на децата, што доведе до преиспитување на неговата мерка за притвор.
ЌЕ СЕ БАРА ЗАТВОРСКИ ПРИТВОР ЗА ЈАХОСКИ Јавното обвинителство го обжали решението за куќен притвор