ФРАНЦУЗИ Ѝ БАКНУВАЛЕ РАЦЕ, СИ ГЛЕДАЛА НА КАФЕ СО МИЛИЈАРДЕРКА ОД ДЕТРОИТ Битолчанката Сандра пречекува туристи во двор и ги гоштева со македонски специјалитети
Александра Печалева е битолчанка по сите тертипи: стокмена, насмеана, вредна, енергична и иако вели дека е сега поопуштена, сѐ уште не може да се ослободи од перфекционизмот во работата и од чувството дека сама најубаво ќе ги излупи пиперките за ајвар, најубаво ќе ја намести трпезата, најдобро ќе ги завитка сармите и најсрдечно ќе ги пречека гостите. Па така, речиси сѐ си прави сама
На конференцијата „Хероини во туризмот“, нашата соговорничка Александра Печалева ја најавија како локална хероина. И навистина е хероина, кога ќе се земе предвид дека за овие неколку години откако ќерка ѝ на игра на смеа „ја претворила“ во некој вид на туристички работник и промотор на македонското гастрономско наследство, во својот двор херојски пречекала и нагостила повеќе од 3000 туристи.
Се договоривме да се видиме на кафе во Скопје, каде што живеат ќерката и зетот, додека внучето Јаков си расте во дворот на баба, пардон, на нана Сандра и дедо Тони, во Битола.
Нејзината ќерка Ивана е главен виновник за тоа што Александра денес е вклучена во туристичките тури за странците кои вклучуваат посета, односно, ручек или вечера кај локално семејство.
Сега, 4-5 години од првите гости кои ги пречекала во својот двор во центарот на Битола, веќе има искуство со голем број странци кои ѝ биле на гости и ги испробале нејзините вкусни специјалитети во домашна атмосфера и еден куп интересни приказни и анегдоти.
Сѐ почнало кога еден ден ѝ се јавила нејзината ќерка Ивана, инаку, дел од тимот на Балкан прајм турс, тур-оператор за дојдовен туризам.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.