ФОКУС НА ПАРИТЕ И ТРГОВИЈАТА Мицкоски порача дека се отвораат нови можности со Швајцарија

Средбата на највисоко ниво отвори нови можности за економска соработка и зголемување на трговската размена.

0

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Швајцарија останува еден од клучните партнери на Македонија, со потенцијал за дополнително продлабочување на соработката, особено во економијата и трговијата.

Изјавата доаѓа по средбата со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан, на која присуствувале и владини претставници и членови на бизнис-заедницата.

На средбата се разговарало за унапредување на билатералните односи, заедничките предизвици и конкретни чекори за продлабочување на партнерството во наредниот период.

– Разговаравме за сите можности, за предизвиците, но и за тоа што нè поврзува и како тоа дополнително да го засилиме. Убеден сум дека односите ќе го достигнат нивото што го очекуваме, особено во делот на економската соработка и трговската размена – изјави Мицкоски.

Премиерот упати благодарност за досегашната поддршка од Швајцарија и нагласи дека Владата ќе продолжи со активности за подигнување на односите на повисоко ниво.

– Ќе работиме интензивно на зајакнување на билатералните односи – додаде Мицкоски.

Поврзани содржини