ФИЛИПЧЕ СЕ НАДЕВА НА БУГАРСКИОТ ДВОР Изјавата „никогаш не нè негирале“ е смислена порака?

Изјавата на лидерот на СДСМ дека Бугарија никогаш не го оспорувала нашиот идентитет е смислена порака до бугарскиот двор и до странски центри, вели пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Според Стојановски Филипче испраќа порака дека е спремен да прифати сè што ќе побара Софија и дека се надева на помошта од странски центри исто како во 2015 и 2016 година.

0

Изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека Бугарија никогаш не го оспорувала нашиот идентитет не е случајна, туку е смислена порака што негде треба да стигне. Вака смета пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија Стојановски нагласува дека Филипче всушност испраќа две пораки.

– Пораките се две. Првата е да стигне во дворот во Софија, во Бугарија, дека ете има некој кој што е спремен да го прифати сето тоа коешто тие ќе го побараат, нешто за коешто сметам дека СДСМ за првпат можеби и попушти на оние традиционални линии коишто ги имаа од тој аспект затоа што оваа позиција која што Филипче пред само неколку дена ја кажа на една национална телевизија е своевидно повлекување од дотогаш некој изграден став за ова прашање. Никогаш немале сериозен став, сега сметам дека СДСМ нема апсолутен никаков став. Втората адреса на која што сакаат да ја пратат пораката е, можеби на некои центри од надвор каде што исто како во 2015 и 2016 година ќе се надеваат на нивна помош, да дојдат до владата, а никако овие изјави не сакаат да ги упатат до оној којшто е суверен во оваа држава, а тоа е народот – вели Стојаноски.

Тој додаде дека СДСМ немаат црвени линии и дека ја релативизираат бугарската негација на Македонија.

Поврзани содржини