ФИЛИПЧЕ ГЛУМИ ГРИЖА ВО УЛОГА НА ПАРТИСКИ ПОРТПАРОЛ Преку Франкфурт до Рим се врати од продолжениот викенд

Актуелниот лидер на СДСМ во улога на партиски портпарол глуми грижа за државата и за граѓаните, тврди ВМРО-ДПМНЕ и обвинува дека како министер во владата на Зоран Заев Филипче лично ја подготвувал тендерската спецификација за модуларните болници, се обидел да купува вакцини за ковид-19 по цена дупло повисока од пазарната и се обидел да ја купи приватната клиника на Жан Митрев.

93

Преку Франкфурт до Рим на продолжен викенд, Венко Филипче се врати во Скопје и пак во улога на партиски портпарол лие крокодилски солзи, глумејќи грижа за државата и граѓаните, тврди ВМРО-ДПМНЕ и обвинува дека актуелниот лидер на СДСМ беше министер во владата на Зоран Заев ги осиромаши граѓаните.

„Истиот тој Филипче, кој беше дел од владата на Зоран Заев, кој ја опљачка државата, ги осиромаши граѓаните, ги уништи институциите, ја опустоши економијата, го уништи стандардот на граѓаните, така што пола милион граѓани ги донесоа на просјачки стап со по 150 денари на ден и со едвај по еден оброк дневно“, се вели во соопштението.

А, Венко Филипче, како министер за здравство во таа влада на Заев, е посебна приказна, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Во корона периодот, кога требаше да покаже вистинска грижа за граѓаните и државата, тој мислеше само како да намести тендери за некој процент плус да му заврши во неговиот длабок џеб.

Така, наместо здравјето на граѓаните да му е приоритет, тој избра да биде главен тендераш, лично подготвувајќи ја тендерската спецификација за модуларните болници, каде во Тетово животите ги загубија 14 македонски граѓани, поради лошите стандарди и неквалитетни материјали, за Филипче да ќари 20% од проектот“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, исто е со „приватизацијата на стерилизацијата, обидите за набавка за ковид вакцини по цена дупло повисока од пазарната, и тоа од компанија што се занимава со продажба на овошје, како желбата да ја купи приватната клиника Жан Митрев по багателна цена“.

А за криминалот и пљачката на енергетскиот сектор, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ,  јасно зборува луксузниот џип Ауди Q8, „кој Филипче го доби подарок од фирмата која добила милионски тендери за набавка на јаглен за потребите на ЕСМ“.

„Тоа што Филипче и СДСМ направија евроинтеграцијата на државата е само срамната слика во авионот на владина свита, лажејќи ја македонската јавност дека ги отвориле преговорите се ЕУ, додека од друга страна најверни другари им беа прорускиот криминалец Онишченко, кому му доделија македонско државјанство, белорускиот конзул Борче Марковски, кому му доделиле 77 државни тендери од кои 66 во вредност од 141 милион евра беа од ЕСМ, како и прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, за кој Заев, ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваше ДУП во Тетово, за да му овозможи изградба на 2.000 станбени единици вредни 200 милиони евра.

СДСМ е партијата која ја остави државата со висок јавен долг и економска нестабилност, а денес Филипче лицемерно зборува за финансиска дисциплина и бара воведување на некакви нивни предлог мерки. Го потсетува дека токму нивните штетни политики доведоа до енергетска криза, инфлација, сиромаштија и нарушена бизнис клима.

Владата предводена од Христијан Мицкоски спроведува одговорни и одржливи мерки за заштита на стандардот на граѓаните, без да го загрози буџетот и финансиската стабилност.

Во однос на евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена за членство во ЕУ, но без прифаќање на штетни и понижувачки отстапки на штета на националните интереси.

За разлика од предавничката СДСМ, ние се залагаме за достоинствен и рамноправен европски пат“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини