ЕВРОПОЛ УАПСИ 36 ЧЛЕНОВИ НА БАЛКАНСКА КРИМИНАЛНА МРЕЖА Дрогата ја носеле од 3 земји, се договарале преку „Скај“

Европол соопшти дека во голема меѓународна операција се претресени 42 објекти и се запленети 66 килограми дрога. Осомничените се поврзуваат и со убиства, вооружени напади и киднапирања.

21

Меѓународна полициска операција разби криминална мрежа поврзана со Западен Балкан, при што се приведени 36 лица, а запленети се 66 килограми дрога, оружје, накит и пари, соопшти Европол.

Најголемиот дел од осомничените, 34 лица, се приведени во Словенија, додека по едно лице е уапсено во Шпанија и во Хрватска.






Приведените се државјани на Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Бугарија, Турција и Холандија.

Операцијата била спроведена на 6 октомври, кога полицијата извршила претреси во 42 објекти во Словенија и во Шпанија.

При претресите биле пронајдени 51 килограм канабис и 15 килограми амфетамин, како и огнено оружје, накит и готовина.

Според истражителите, криминалната група организирала транспорт на големи количества дрога од Белгија, Холандија и Шпанија кон други европски земји.

За договарање на испораките и меѓусебна комуникација членовите користеле шифрирана комуникациска платформа „Скај“.

Преку оваа платформа, според Европол, осомничените ги координирале транспортот на наркотиците и активностите на криминалната мрежа.

Истрагата не се ограничува само на шверцот на дрога.

Истражителите се сомневаат дека дел од членовите на групата биле поврзани и со неколку тешки насилни кривични дела.

Меѓу нив се вооружени инциденти, убиства, обиди за убиства и киднапирања.

Поврзани содржини