🎥 ЕМОТИВЕН ГЕСТ НА ТРАПАНОВСКИ Постигна гол на дербито и го посвети на жртвите во Кочани
Во знак на почит, македонскиот фудбалер го одигра целиот натпревар со црн флор на својот дрес.
Македонскиот интернационалец Кристијан Трапановски постигна убав погодок во 49-та минута од големото градско дерби во Шкотска меѓу неговиот Данди Јунајтед и градскиот ривал Данди.
По реализираниот гол, Трапановски веднаш ги крена рацете кон небото и јасно им го посвети погодокот на жртвите во страшната трагедија во Кочани, изразувајќи ја својата солидарност и поддршка до семејствата кои ги изгубија најблиските.
Во знак на почит, македонскиот фудбалер го одигра целиот натпревар со црн флор на својот дрес.
Гестот на Трапановски беше поздравен со аплауз и почит од публиката на стадионот, но и пошироко во фудбалската јавност, особено во Македонија, каде спортскиот и човечки чин на репрезентативецот брзо се рашири низ социјалните мрежи.
Со овој потег, Трапановски уште еднаш потсети дека фудбалот, освен спорт, е и моќен инструмент за испраќање пораки на сочувство и солидарност.