ЕМИЛИ РАТАЈКОВСКИ ШОКИРАШЕ СО ИСПОВЕД ЗА РАЗВОДОТ Во провокативна фото-сесија манекенката „доеше“ кукла-бебе

Во есејот со провокативен наслов „Mother Fucker“, објавен во списанието „The Cut“, Емили Ратајковски отворено зборува за разводот, самохраното мајчинство и својот љубовен живот по крајот на бракот.

0

Манекенката Емили Ратајковски во новиот есеј со провокативен наслов „Mother Fucker“, објавен во списанието „The Cut“, откри дека бракот со филмскиот продуцент Себастијан Бер-Меклард ѝ се распаднал по раѓањето на синот, а потоа започнала период на интензивни љубовни авантури во обид повторно да ја пронајде сопствената сексуалност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)






Со есејот проследен со бизарна фотосесија во која Емили позира со речиси разголени гради и симулира доење на бебе-кукла, а на една држи и чаша вино.

За фотките, Емили е критикувана дека го сексуализира доењето.

Триесет и петгодишната манекенка и актерка открива дека раѓањето на синот Силвестер во 2021 година било почеток на драматични промени во нејзиниот живот.

– Шест месеци по раѓањето на мојот син, јас и сопругот престанавме да имаме секс. Помалку од една година подоцна, веќе бевме разделени – напиша Ратајковски во есејот.

Таа периодот по породувањето го опишува како исцрпувачка и болна транзиција во сосема нова реалност, а признава дека најмногу се плашела од етикетата „разведена самохрана мајка“.

По разделбата, Емили започнала интензивно да излегува и да запознава нови мажи. Во текстот открива дека претходно имала многу малку сексуални партнери и дека долго време се трудела да биде „добра девојка“, но по разводот решила да ги преиспита сопствените ставови за љубовта, сексот и женската слобода.

Сепак, таа нагласува дека поставила строги правила за себе: никогаш да не го пропушти времето кога синот си легнува и речиси никогаш да не преспива надвор од домот.

Еден од деловите што предизвика најмногу внимание е признанието дека стравувала оти мажите повеќе нема да ја сметаат за привлечна затоа што е мајка. Но искуството ѝ го покажало спротивното.

– Сфатив дека многу мажи ги привлекува мајчинството – пишува таа, додавајќи дека тоа целосно ја променило нејзината перцепција за себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

И есејот и фотографиите предизвикаа поделени реакции на социјалните мрежи – дел од јавноста ја пофали за искреноста и храброста, додека други ја обвинија дека непотребно го сексуализира мајчинството.

 

Поврзани содржини