ЕДНА СРПСКА БАНКА И ТРИ ФИРМИ СЕ НАЈДОА НА СПИСОКОТ ЗА САНКЦИИ НА ЕУ Обвинети се дека соработувале со Русија

Трите компании, како што е наведено во предлогот на Европската комисија, се означени како компании кои извезле стока со двојна намена во Русија - која може да се користи и за цивилни и за воени цели.

0

Европската комисија предлага санкции за API Bank, чиј сопственик е Андреј Шљаховој, како и за уште три приватни компании – SIK Inovacije, P.E.C.S. и GIGANT 2019, покажуваат предлогот и анексот на документот за кој пишуваат српските медиуми.

Според предлогот на Европската комисија, API Bank била вклучена во списокот на финансиски институции кои обезбедуваат плаќања или услуги поврзани со крипто-средства, со што ѝ помогнала на Русија да ги заобиколи санкциите, пишува Радио Слободна Европа.






И три компании, како што е наведено во предлогот на Европската комисија, се означени како компании кои извезле стока со двојна намена во Русија – која може да се користи и за цивилни и за воени цели.

Санкциите предвидуваат дека поединци и компании од ЕУ не треба да соработуваат со нив.

Сите три српски компании, опфатени со предложените санкции, извезувале стока во Русија по инвазијата на Украина, но врз основа на достапните податоци, не е познато што извезувале.

API банката на Шљаховој во Србија работела во минус пред руската инвазија, додека по 2022 година почнала да бележи милиони профити.

Конечната одлука за новиот, 22-ри пакет санкции откако Русија ја започна својата инвазија на соседна Украина во февруари 2022 година, ја донесуваат едногласно сите земји-членки на Европската Унија (ЕУ).

Поврзани содржини