ЕДЕН КРАДЕЛ ДРВА, А ИНСПЕКТОР „ЗАМИЖАЛ“ ЗА СЛУЧАЈОТ Полицијата откри кражба, под сомнение е и нивни колега
„Надлежните органи продолжуваат со истрагата и ќе преземат соодветни мерки“, велат од полицијата.
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против две лица – 44-годишниот С.Д. од селото Дебреште, општина Долнени, и 55-годишниот С.Д. од Прилеп, кој е главен инспектор за општ криминалитет во ОВР Прилеп.
Првопријавениот се товари за кривично дело „кражба“, откако на 3 ноември 2020 година бил затекнат во атарот на селото Пешталево како управува товарно возило „Ман“ натоварено со букови дрва, без да поседува соодветна документација.
Второпријавениот, кој како инспектор бил одговорен за истрагата, се сомничи за „несовесно работење во службата“, бидејќи не постапил согласно прописите и стандардите. Според полицијата, тој не го процесуирал случајот до Основното јавно обвинителство и со тоа дозволил да истечат законските рокови за кривично гонење.
„Надлежните органи продолжуваат со истрагата и ќе преземат соодветни мерки“, велат од полицијата.