ДУИ Е НЕРВОЗНА, АХМЕТИ НЕ ЗНАЕ КОЈ МУ Е ЕСАПОТ СО ГРУБИ Едни стравуваат од самото сведочење, други од тоа кого ќе „повлече Груби со себе“

ВРЕДИ тврди дека претстојниот судски процес за Артан Груби ги отвора дилемите во опозициската ДУИ. Според коалицијата, Ахмети е пред незгодна пресметка, додека Бујар Османи го „мери моментот“ за лидерската фотелја во ДУИ.

494

„Нервозата за сведочењето на Артан Груби расте во ДУИ, едни се плашат дека ќе прозбори, други пресметуваат кого може да повлече со себе“.

Вака обвинува ВРЕДИ во денешно соопштение.






Според ВРЕДИ на лидерот на ДУИ, Али Ахмети не му излегува есапот.

„Ако застане зад Груби, го презема политичкиот товар од сè што може да излезе во судницата. Ако го пушти низ вода, ризикува ‘црната кутија’ да се отвори и да проговори за сè што со години се случувало во врвот на ДУИ.

Според ВРЕДИ, дури и луѓе од ДУИ признаваат дека партијата функционира како политбиро каде тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола.

„Затоа нервозата расте. Едни се плашат дека Груби ќе прозбори. Други пресметуваат кого може да повлече со себе. Трети веќе гледаат кој ќе биде фрлен курбан за да се спаси врвот. И додека Ахмети се заплеткува во сопствените приказни, Бујар Османи и натаму чека во низок старт“, се вели во соопштението.

Па добро, која приказна на ДУИ сега важи, прашува ВРЕДИ во врска со претстојниот судски процес за Артан Груби.

„Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да одговара ако ја злоупотребил неговата доверба, а веднаш потоа да рече дека ‘првото нешто’ е Груби да биде ослободен од куќен притвор“.

 

Споменувајќ го Бујар Османи, ВРЕДИ вели дека пратеникот и член на ДУИ го мери моментот кога да тргне кон лидерската фотелја.

„Дали Бујар го мери моментот кога да тргне кон лидерската фотелја или прво сака да види што сè може да излезе од ‘црната кутијаќ?

За случајот со Груби ќе одлучат институциите во кои од ДУИ до вчера се колнеа. Но лицемерната ДУИ ги признава само кога одлучуваат по нејзин есап. Нека престанат да глумат и нека кажат која од нивните приказни важи“, обвинува ВРЕДИ.

Поврзани содржини