ДОЖДОТ ПОЛЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА Викендот носи повеќе сонце и повисоки температури

За викендот не чека променливо време. Во сабота се можнио локални врнежи од дожд, по што следува постепена стабилизација и пораст на температурите.

5

Времето во сабота, 9 мај, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за краткотрајна нестабилност, особено во Тетово, Битола и во делови од западна Македонија.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд во претпладневните часови, а попладне се очекуваат сончеви периоди.

Температурите ќе бидат во интервал од 18 до 21 степен.

В недела времето ќе биде постабилно и потопло, со повеќе сончеви периоди. Локално ќе остане можноста за краткотраен дожд, главно во западните делови од земјата.

Почетокот на новата седмица носи потопло и постабилно време. Температурите во делови од Македонија ќе достигнат и до 27 степени.

Поврзани содржини