ДОРН ВЛЕТАЛ ВО ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НА НАТО Романски борбен авион го собори
Утрово околу 11 часот, романски пилот во авион Ф-16 собори дрон што влезе во воздушниот простор на нашата земја. Областа беше ненаселена, па пилотот можеше да го собори без никаков ризик, објави романскиот претседател Никусор Дан. , додаде тој.
Романски борбен авион Ф-16 денеска собори беспилотно летало што навлезе во воздушниот простор на земјата, изјави романскиот претседател Никусор Дан, по најновото кршење на воздушниот простор на членката на НАТО.
„Утрово околу 11 часот, романски пилот во авион Ф-16 собори дрон што влезе во воздушниот простор на нашата земја“, напиша Дан на социјалната платформа Икс.
Областа беше ненаселена, па пилотот можеше да го собори без никаков ризик, додаде тој.
„Тимови од надлежните институции моментално го пребаруваат подрачјето за да ги утврдат сите детали за инцидентот“, напиша романскиот претседател.
Дан не го прецизираше потеклото на дронот.
Романското Министерство за одбрана објави дека леталото е соборено во близина на градот Падина, во округот Бузау, на истокот од земјата.
Воздушниот простор на Романија, членка на НАТО и на Европската Унија, која дели копнена граница од 650 километри со Украина, редовно е нарушен од беспилотни летала, откако Москва почна да ги напаѓа украинските пристаништа во војната што почна во 2022 година.
Кон крајот на мај, беспилотно летало се урна во станбена зграда и повреди две лица, што беше прв случај во кој беше погодена густо населена област на земја членка на НАТО.