СДСМ СО ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ СОЗДАВА ХИСТЕРИЈА! ВМРО-ДПМНЕ му порача дека за тоа кривично се одговара

Објавиле извештај стар година и пол, од февруари 2025 година за општина Велес, во село Сливник, место коешто не е поврзано со градскиот водовод – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

0

СДСМ го достигна дното за да ќари политички поен од граѓаните. Воајеризмот на СДСм оди до немај каде. Лани за пожарите, годинава за водата, следната веројатно нешто друго – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Објавиле извештај стар година и пол, од февруари 2025 година за општина Велес, во село Сливник, место коешто не е поврзано со градскиот водовод. До толку се очајни што срамот и воопшто го немаат. Ваквото создавање на паника и хистерија со умисла е подлежно на кривична пријава. Срам и очај поради лошите рејтинзи ги доведува СДСМ до ова дереџе“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ.






Поврзани содржини