ДОЛГИ КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Застој поради сообраќајна несреќа

Според првичните информации, по несреќата сообраќајот на оваа делница се одвива значително отежнато, а кај патарината се создадени долги колони од автомобили.

3

Големи колони од возила и застој во сообраќајот се формираа вечерва на автопатот Тетово–Скопје, во близина на наплатната станица на влезот во главниот град, поради сообраќајна несреќа, јави неколку портали врз основа на неофицијални информации.

Според првичните информации, по несреќата сообраќајот на оваа делница се одвива значително отежнато, а кај патарината се создадени долги колони од автомобили.






Засега нема официјални информации за причините за несреќата, ниту дали има повредени лица. Надлежните служби работат на расчистување на местото на настанот и нормализирање на сообраќајот.

На возачите им се препорачува да возат внимателно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат трпеливи додека целосно не се воспостави нормален проток на возилата.

Поврзани содржини