ИЗРАЕЛ ЌЕ ГРАДИ УШТЕ 34 НОВИ НАСЕЛБИ ВО ЗАПАДНИОТ БРЕГ Издвои 378 милиони евра за таа намена
Десничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич најави дека ќе бидат одобрени уште 1,75 милијарди шекели (313 милиони евра) за изградба на патишта до новите населби.
Израелскиот кабинет за безбедност одобри буџет од 1,3 милијарди шекели (над 378 милиони евра) за изградба на 34 нови населби во окупираниот Западен Брег, изјави десничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич.
Тој додаде дека ќе бидат одобрени уште 1,75 милијарди шекели (313 милиони евра) за изградба на патишта до новите населби.
Со планираните населби, нивниот вкупен број, за време на четиригодишен мандат на Смотрич, ќе се искачат на 103. Одобрениот буџет тој го оцени како историска одлука и му се заблагодари на премиерот Бенјамин Нетанјаху за неговата поддршка.
– Ја зајакнуваме безбедноста на Државата Израел, ја уништуваме идејата за создавање терористичка држава во срцето на земјата и ги зајакнуваме нашите упориште во татковините Јудеја и Самарија – изјави Смотрич, користејќи го библискиот термин за Западен Брег.
Смотрич е противник на палестинската државност. Тој е лидер на партијата Религиозен ционизам, чија поддршка доаѓа главно од доселеничките заедници.
Изминатите месеци зголемено е насилството на доселениците врз Палестинците и врз нивните имоти. Околу 700.000 израелски доселеници живеат меѓу 2,7 милиони Палестинци на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.
За Обединети нации, за Палестинците и за поголем број држави, овие израелските населби се незаконски според меѓународното право и се пречка за постигнувањето мир.