ДИСКОТЕКАТА НА СМРТТА РАБОТЕЛА СО ФАЛСИФИКУВАНА ЛИЦЕНЦА Приведени ексфункционери од Министерството за економија и од Дирекцијата за заштита

Се постапува и ќе ги преземеме сите дејствија за целосно и темелно расчистување на случајот, одговорност ќе има, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

622

Дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која синоќа во пожар загинаа 59 млади лица работела без дозвола, односно со фалсификувана дозвола, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, раководител на сектор во мининистерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во дирекцијата. 

– Лиценцата за работа, легална лиценца, оваа фирма нема. Не би сакал да откривам повеќе детали, во рана фаза од истрагата сме. И оваа лиценца, како и многу други работи во Македонија е поврзана со мито и со коруција. За разлика од претходно, сега имаат име и презиме тие кои се вклучени во нелегалното изгавање на лицени и ќе одговараат – рече Тошковски.






Се истражуваат две фалсификувани лиценци, издадени во 2024 година.

На новинарско прашање дали истрафата ги потврдиа шпекулациите дека лиценцата е прибавена со мито од 7.000 евра, министерот рече дека „станува за збор за невистинити, нелегални, лиценци, кои се направени на корумптивен начин“

– Кажав и кои луѓе се приведени. Сè е направено што е потребно. Осомничени се  дваесетина, го откриваме криминалот што се таложел над 30 години – рече Тошковски.

Тој додаде дека ќе следат и други дејствија, во координација со Јавното обвинителство.

– Се постапува и ќе ги преземеме сите дејствија за целосно и темелно расчистување на случајот, одговорност ќе има – рече Тошковски.

Поврзани содржини