ДЕСЕТМИНА ШЕРПАСИ ИСЧЕЗНАА ПО ЛАВИНА НА ХИМАЛАИТЕ Спасувачите не можат да стигнат до базниот камп на Химлунг

Лавина го погодила базниот камп на 7.126 метри високиот Химлунг Химал во Непал, а лошото време ги отежнува спасувачките операции.

1

Најмалку десет шерпаси се водат како исчезнати откако лавина го погоди базниот камп на Химлунг Химал во Непал.

Несреќата се случила во близина на врвот Химлунг Химал, висок 7.126 метри, во округот Мананг, во областа Нар Фу, во близина на границата со Тибет.






Според информациите од експедиционите организатори, лавината го погодила базниот камп во неделата наутро, по неколкудневни обилни врнежи од снег во планинскиот регион.

Спасувачката операција е отежната поради лошите временски услови. Хеликоптерите се во готовност во Катманду и Покхара, но временските услови досега не дозволиле да стигнат до местото на несреќата.

Според првичните информации, меѓу исчезнатите има членови на екипите кои работеле на подготовката на базниот камп и на обезбедувањето на планинарската рута.

Властите и експедиционите компании собираат дополнителни информации и ги координираат напорите за пронаоѓање и спасување на исчезнатите.

Ситуацијата дополнително ја отежнуваат постојаните врнежи од дожд и снег во планинските предели на Непал, кои предизвикаа и други проблеми, меѓу кои поплави и одрони.

Поврзани содржини