ДАЛИ ПРЕМИЕРОТ ГО ЗЛОУПОТРЕБИЛ ЧИЧКО МУ? Ковачки бара одговори и оставка од Ковачевски
Дали дезертерот Ковачевски ја злоупотребил моќта на својот близок роднина и избегал од служење војска и од регрутација во 2001 година, праша Ковачки.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска го повика премиерот Димитар Ковачевски да одговори дали го злоупотребил својот чичко Александар Ковачевски за да добие документ за „трајна неспособност“ за служење војска.
– Ајде дезертеру Ковачевски, охрабри се и кажи, дали си трајно неспособен или си лажел пред АРМ за да избегнеш служење војска. Што е толку тешко? Тогаш кога дезертерот Ковачевски ќе одлучи да одговори, нека одговори и дали за впишување на неговата состојба како трајно неспособен помогнал и негов близок роднина Александар Ковачевски кој во тоа време бил началник во Министерството за одбрана и одговорен за Куманово? Дали дезертерот Ковачевски ја злоупотребил моќта на својот близок роднина и избегал од служење војска и од регрутација во 2001 година – праша Ковачки.
Тој го повика судот веднаш да почне постапка за одземање на деловната способност на премиерот, а Ковачевски да даде оставка.