📽️ ЦУНАТА ОСТАНА БЕЗ ШЕСТ ЛУКСУЗНИ ВОЗИЛА И СТАН Судот одреди привремено одземање на имотот на Лазаров

Полицијата и Обвинителството во Кочани обезбедиле докази за сомнение дека дел од имотот на Лазаров е стекнат со криминална активност. Судот определи привремена мерка за одземање на шест возила и стан.

0

Полицијата и Обвинителството во Кочани обезбедиле докази за сомнение дека дел од имотот на Лазаров е стекнат со криминална активност. Судот определи привремена мерка за одземање на шест возила и стан.

Одделението за внатрешни работи Кочани, во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, привремено одзеде шест патнички возила и недвижен имот од Александар Лазаров, познат како Цуна од Кочани, поради сомнение дека имотот е стекнат со средства од криминална активност.






Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска (15 јули 2026 година), по претходно преземени мерки и активности, биле обезбедени докази кои, покрај сомнението за непосредно извршување на кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, упатуваат и на сомнение дека Лазаров располага со значителен движен и недвижен имот со потекло од нелегални активности.

Врз основа на доставените докази, Основниот суд Кочани определил привремени мерки за обезбедување, со кои се опфатени шест патнички возила и еден стан.

Меѓу привремено одземените возила се џип, „Порше“, „Фолксваген“, „Ауди“, „БМВ“ и „Пасат“.

Од ОВР Кочани велат дека продолжуваат со преземање на дополнителни мерки и активности со цел целосно утврдување на законитоста на стекнатиот имот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини