ЦРНА ГОРА ГО УКИНА БЕЗВИЗНИОТ РЕЖИМ СО РУСИЈА, БЕЛОСРУСИЈА И СО ТУРЦИЈА Земјата се усогласува со визните политики на ЕУ

Владата на 23 јули ја измени Уредбата за визниот режим и од 1 ноември 2026 година на државјаните на трите земји ќе им биде потребна виза за влез, транзит преку територијата и за престој во Црна Гора.

0

 

Владата на Црна Гора ги раскинува договорите за безвизен режим со Русија, Белорусија и Турција, што произлегува од обврската за целосно усогласување со визните политики на Европската Унија.






Информацијата за тоа Владата на Црна Гора ја усвои вчера. Констатирана е потребата од иницирање за заклучување нов договор со Турција за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши.

Локалните медиуми потсетуваат дека Владата на 23 јули годинава донесе Уредба за измени и дополнувања на Уредбата за визниот режим, со која е пропишано дека, почнувајќи од 1 ноември 2026 година, на државјаните на наведените земји ќе им биде потребна виза за влез, транзит преку територијата и за престој во Црна Гора.

Поврзани содржини