Чулев: Изборите минуваат без посериозни проблеми

181

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев утрово во основното училиште Браќа Миладиновци во населбата Аеродром заедно со своето семејство го остварија своето гласачко право.

– До овој момент, согласно информациите со кои располагам, изборите минуваат мирно и без посериозни проблеми. Денешните избори треба да бидат празник на демократијата и доказ за функционирање на уставно – правниот систем на државата. Очекувам изборниот ден да помине во мирна, фер и демократска атсмофера. Апелирам до граѓаните да излезат и да го остварат своето право.  Воедно апелирам до сите чинители во општеството да се воздржат од активности со кои би можело да се наруши изборниот процес – нагласи Чулев.






Тој додаде дека Министерството за внатрешни работи ја гарантира безбедноста на целиот изборен процес и бескомпромисно ќе постапува секаде каде што ќе бидат детектирани обиди за попречување на граѓанското право за слободно изразување на политичката волја.

 

Поврзани содржини