ЧЛЕНОВИТЕ ОД СДСМ ЈА ПРЕКИНАА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ НА ЦЕНТАР Герасимовски избега од соочување, обвини Попов
Кадрите на СДСМ повеќе немаат ниту волја, ниту способност, а очигледно ни легитимитет да раководат со Центар, објави Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски избега од соочување со граѓаните и со советниците избрани од центарци, објави пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ и Герасимовски ја прекинаа денешната седница на Советот на Општина Центар, затоа што не можат да обезбедат ни основно, просто мнозинство за работа. Избегаа од дебата! Кадрите на СДСМ повеќе немаат ниту волја, ниту способност, а очигледно ни легитимитет да раководат со Центар. Центарци заслужуваат повеќе и подобро од ова“, објави Попов на Фејсбук.
На денешната седница на Советот на Општина Центар имаше над 30 точки на дневниот ред, а последната беше за советнички прашања.