🎥 ТЕНЗИИ ПРЕД СОБРАНИЕТО НА АЛБАНИЈА Уапсен контроверзниот предводник на протестите

По апсењето група демонстранти се упати кон полициската станица, каде што побараа ослободување на приведените,.

0

Пред албанското Собрание во Тирана попладнево група демонстранти се судри со полицијата.

Според албанските медиуми, уапсени се Дритан Гоџај и неколку други лица, откако попладнево ситуацијата пред Парламентот стана тензична. Групата се обиде да го блокира влезот во објектот и со јајца фрлаше по пратениците кои излегуваа од пленарната седница, како и врз нивните возила






Дритан Гоџај е познат како контроверзна личност кој повеќе пати јавно се изјасни дека ги поддржува Иран и Хезболах, милитантна проиранска организација што дејствува во Либан.

По апсењето група демонстранти се упати кон полициската станица, каде што побараа ослободување на приведените, постојано извикувајќи „срам, срам“ и „ослободете ги демонстрантите“. Демонстрантите седнат пред станицата велејќи дека веќе почнал денешниот протест, закажан за 19 часот.

Гоџај е еден од предводниците на протестите кои цел месец секојдневно се одржуваат пред Владата, а потоа продолжуваат на повеќе улици низ Тирана. Се протестира против изградбата на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан, каде зетот на американскиот претседател Доналд Трамп планира да гради луксузно одморалиште, се бара оставка на премиерот Еди Рама и формирање техничка непартиска влада со мандат од една година“.

Поврзани содржини