ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ МУ ГИ ДЕМНЕЛ ТРИТЕ ДЕЦА Побарани мреки за претпазливост за 46-годишен гевгеличанец

Како што информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во периодот од 29 јануари до 29 април осомничениот го следел оштетениот при доаѓање или одење од работното место, го следел движењето на неговите деца додека оделе во основно училиште во Кисела Вода и се обидувал со пораки да воспостави несакан контакт.

867

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 46-годишен жител на Гевгелија, кој е осомничен за дејствија на кривично дело „демнење“, кои ги извршил во Скопје кон еден оштетен и неговите три малолетни деца.

Како што информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во периодот од 29 јануари до 29 април осомничениот го следел оштетениот при доаѓање или одење од работното место, го следел движењето на неговите деца додека оделе во основно училиште во Кисела Вода и се обидувал со пораки да воспостави несакан контакт.






„Со ваквите дејствија, како што се наведува, предизвикал чувство на вознемиреност, несигурност и страв кај оштетените“, се вели во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетените, како и забрана за посетување на локациите каде го вршел демнењето.

Поврзани содржини