БУРАТА „ЕНТОНИ“ Е ОПАСНА ПО ЖИВОТ Издадено предупредување во делови на Британија

Во сила е портокалова тревога во југозападна Англија и Велс до 19 часот (18 часот по средноевропско време).

483

Британските власти издадоа предупредување за опасност по живот од бурата „Ентони“, што е придружена со силен дожд и силен ветер и напредува над делови од Обединетото Кралство.

Во сила е портокалова тревога во југозападна Англија и Велс до 19 часот (18 часот по средноевропско време).






Во меѓувреме, денеска до 20 часот е издадено жолто предупредување за невообичаено ветровито време за јужните делови на Велика Британија.

Истото ниво на предупредување, но за невреме со грмотевици, ќе биде во сила до 22 часот во југоисточниот дел на Англија.

Жолто предупредување за дожд е во сила до 16 часот за југоисточна Шкотска.

Според метеоролозите ветерот ќе достигне брзина до 110 километри на час долж брегот.

Поврзани содржини