БУГАРИЈА ИСПРАТИ АВИОН ПО 5 ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО КОЧАНИ Ќе бидат сместени во болниците во Софија и во Варна

Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Северна Македонија, информира Владата во Софија. 

452

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство полета за  за Република Северна Македонија кој во бугарските болници ќе превезе 5 лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници.






Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.

Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да се примат повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Северна Македонија, информира Владата во Софија.

Поврзани содржини