БРОД ИСПЛОВИ НИЗ ОРМУС ПОД АМЕРИКАНСКА ПРИДРУЖБА Транзитот помина без инциденти

Еден од бродовите на данската бродска компанија „Маерск“ поминал низ Ормускиот Теснец под американска придружба.

0

Данската бродска компанија „Маерск“ соопшти дека еден од нејзините бродови, „Алијанс Ферфакс“ под американско знаме поминал низ Ормускиот Теснец под американска придружба.

„Алијанс Ферфакс“, превозник на автомобили под американско знаме, управуван од „Фарел Лајнс“, подружница на „Маерск“, го напушти Персискиот Залив на 4 мај, соопшти „Маерск“.

Транзитот беше без инциденти и сите членови на екипажот се безбедни, се додава во соопштението.

Американската морнарица вчера ја почна операцијата „Проект Слобода“, чија цел е да ги ослободи бродовите кои над 2 месеци се вкотвени во Перскискиот Залив, откако Иран го блокираше Ормускиот Теснец.

Поврзани содржини