БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ СЕ ИСКАЧИ НА 188 ЛИЦА, 40.000 СЕ ВОДАТ КАКО ИСЧЕЗНАТИ Спасувачите копаат низ урнатините во битка со времето
Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани, додека властите предупредуваат дека бројот на жртви и исчезнати лица може дополнително да расте.
Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела се зголеми на најмалку 188 лица, изјави денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез.
Според најновите податоци од платформата на која се пријавуваат исчезнати лица по катастрофата, речиси 40.000 луѓе се водат како исчезнати, пренесува „Скај њуз“.
Родригез соопшти дека 1.520 повредени лица се хоспитализирани, додека околу 200 лица сè уште се заробени под урнатините.
Според официјалните информации, 2.927 семејства ги загубиле своите домови.
– Во трка сме со времето за да спасиме што е можно повеќе луѓе живи – изјави Родригез.
Тој предупреди дека бројот на загинати и исчезнати може дополнително да се зголеми во наредните денови.
Земјотресите предизвикале сериозни оштетувања и на главниот аеродром во Венецуела, кој е затворен за сообраќај, додека дел од жителите на најпогодените подрачја биле евакуирани во соседен Бразил.
Според информациите, Венецуела беше погодена од два последователни земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала.
Во земјата е прогласена вонредна состојба, а воздушниот и железничкиот сообраќај се прекинати. Наставата во училиштата исто така е суспендирана.