БИТКОИНОТ ПОВТОРНО НАД 80.000 ДОЛАРИ Само за три дена неговата вредност скокна за 20%

Американските спот биткоин ETF привлекоа 1,92 милијарди долари нето приливи минатата недела, нивниот најголем неделен прилив од октомври, кога биткоинот достигна максимум во претходниот циклус.

20

Најсилната криптовалута bиткоинот утрово ја надмина границата од 80.000 долари продолжувајќи го силниот раст поттикнат од враќањето на средства во берзанските (ЕТФ) фондови и зголемената склоност на инвеститорите кон поризични средства.

Водечката криптовалута последен пат порасна за повеќе од 2%  80.501 долари.






Најновиот раст е продолжение на силниот раст што започна минатата недела, кога биткоинот порасна за повеќе од 20% за три дена, што е негов најголем тридневен раст од 2023 година.

Растот дополнително го забрза таканаречениот „short squeeze“, кога растот на цената на криптовалутите ги присилува инвеститорите кои се обложиле на нивен пад да ги затворат своите позиции. На пазарот на криптовалути биле ликвидирани позиции вредни повеќе од 4,3 милијарди долари, отворени во исчекување на пад на цените.

Растот следеше и по најавата на американското Министерство за финансии дека најмалку двојно ќе ги зголеми износите во операциите за откуп на долгорочни државни обврзници. Одлуката првично ги намали приносите на обврзниците и го зголеми интересот за поризични средства, иако долгорочните приноси во меѓувреме повторно се зголемија.

Институционалната побарувачка, исто така, се врати. Истовремено, загриженоста поради инфлацијата, слабеењето на доларот и американскиот јавен долг дополнително го зголеми интересот за средства со ограничена понуда, меѓу кои дел од инвеститорите го вбројуваат и биткоинот.

Американските спот биткоин ETF привлекоа 1,92 милијарди долари нето приливи минатата недела, нивниот најголем неделен прилив од октомври, кога биткоинот достигна максимум во претходниот циклус.

Поврзани содржини