🎥 НА ОДМОР СО НЕГОВИТЕ, НЕЈЗИНИТЕ И ЗАЕДНИЧКОТО ДЕТЕ Кортни Кардашијан покажа како изгледа семејниот одмор со Тревис Баркер и нивното големо споено семејство

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер заминаа на голем семеен одмор со децата од нивните претходни врски и нивниот син Роки. Животот на Тревис неодамна беше претставен во документарецот „Travis Barker: Louder Than Fear“.

8

Кортни Кардашијан сподели фотографии од големиот семеен одмор со сопругот Тревис Баркер и сите нивни деца од претходните врски и нивното најмало, заедничко дете Роки.

На серијата фотографии и видеа има сè – од возење со чамец и уживање во вода до планинарење, качување по карпи и поминување време во природа. Кортни објавата ја опиша со едноставно: „big family vacation girl“.






Овој одмор е интересен токму затоа што на едно место се собрало нивното големо „споено“ семејство. Кортни има три деца со поранешниот партнер Скот Дисик – Мејсон (16), Пенелопе (14) и Рејн (11), додека Тревис има две деца со поранешната сопруга Шана Моаклер, Ландон (22) и Алабама (20), а е близок и со нејзината ќерка Атјана Де Ла Хоја. Со Кортни го има двегодишниот син Роки Трињаес.

Токму Тревис Баркер во едно од своите последни интервјуа зборуваше за тоа како функционира нивното необично семејство. Вели дека децата од двете страни добро се согласуваат, а тие се трудат да зачуваат што е можно понормален семеен живот. Една од нивните традиции се и заедничките неделни вечери, кога се собираат сите што можат да присуствуваат.

Инаку, Тревис е еден од најпознатите тапанари на рок-сцената. Тој е долгогодишен член на Blink-182, а неговиот живот неодамна беше претставен во документарецот „Travis Barker: Louder Than Fear“. Филмот ја следи неговата кариера, но и драматичниот момент од 2008 година, кога преживеа авионска несреќа во која загинаа неговиот асистент, телохранителот и двајцата пилоти. Документарецот зборува и за неговото закрепнување, стравот од повторно летање и животот што го изгради по несреќата.

Кортни и Тревис се венчаа во 2022 година, а следната година го добија синот Роки. Нивниот заеднички живот денес е спој на две големи семејства. Најголемо изненадување кај следачите предизвика фотографијата од Мејсон (16), синот на Кортни кој инаку ретко се појавува на социјалните мрежи.

Поврзани содржини