БИЛЕТИТЕ ЗА ОТКАЖАНИТЕ ПРЕТСТАВИ ОД ДРАМСКИ МОЖАТ ДА СЕ СМЕНАТ Граѓаните имаат опција и за рефундирање на средствата

Оние кои ќе ги заменат своите билети за секој билет ќе добијат уште еден бесплатен за претстава по избор.

40

Драмски театар известува дека билетите купени на билетарницата за претставите откажани поради немилиот настан во Кочани, ќе може да бидат заменети за друга претстава по избор. Притоа, како што велат, за секој билет ќе се добие уште еден бесплатен билет за претставата, исто така, по избор.

Исто така, една од опциите е да бидат рефундирани средствата за билетите. Рефундирањето ќе започне во вторник, 25 март, на билетарницата на Драмски театар Скопје.

Поврзани содржини