БИЛ АГРЕСИВЕН И СНИМАЛ СО ТЕЛЕФОН ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Барал видео запис за сообраќајка без да пополни барање
Приведен е беровец поради нарушување на јавниот ред и мир во полициската станица Аеродром, соопшти полицијата.
Како што соопшти полицијата, на 06.05.2026 во 11:10 часот во Скопје, пред објектот на ПС Аеродром, поради нарушен јавен ред и мир во станицата приведен е Х.А.(32) од Берово.
Претходно Х.А. побарал од полициски инспектор да му биде даден видео запис од видео надзор од „Безбеден град“, за сообраќајна незгода во која учествувал. Откако му било укажано дека видео записот не може да му биде доставен без да пополни соодветно барање, тој почнал агресивно да се однесува и во неколку наврати се обидел да влезе во службените простории во полициската станица. При тоа снимал со мобилен телефон иако му било укажано дека тоа не смее да го прави.
По документирање на случајот, против Х.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.