БЕШЕ ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА ГРУПАТА БАСТИОН И ГИТАРИСТ ВО АСТОРИЈА Почина музичарот Тоше Поп-Симонов

Како композитор, продуцент или аранжер, Тоше Поп-Симонов работеше на албуми и синглови на „Мизар“, Владо Јаневски, „Меморија“, Дарио, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“, Верица Пандиловска и бројни други.

450

Тоше Поп-Симонов, еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика, почина на 63 години.

Поп-Симонов ја почна својата музичка кариера во 1980-те, при што беше еден од основачите и гитарист на култната рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок групата „Асторија“.






Поп-Симонов остави особено длабока трага во македонската музика во 1990-те, кога повеќе се посвети на работата во студио, соработувајќи со речиси сите познати имиња од поп, рок, па и од фолк сцената. Меѓу другите, ги промовираше Ена Веко и „Студени нозе“, што беше негов продукциски проект.

Како композитор, продуцент или аранжер, Поп-Симонов работеше на албуми и синглови на „Мизар“, Владо Јаневски, „Меморија“, Дарио, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“, Верица Пандиловска и бројни други.

Поврзани содржини