АРМИЈАТА НА САД Е НА РАБОТ НА СИЛИТЕ! Генералите го предупредиле Хегсет дека војната во Иран предолго трае
Особено е оптоварена американската морнарица, за која се наведува дека повеќе не може долгорочно да го одржува сегашното ниво на поддршка бидејќи нема јасен датум за завршување на операцијата.
Повеќе американски воени лидери го предупредиле министерот за војна Пит Хегсет дека продолжувањето на големите операции против Иран би ја ослабнало способноста на САД да одговорат на заканите во други делови од светот.
Во доверлива проценка подготвена за Пентагон се наведува дека сегашната операција, која трае веќе шест месеци, станала преголем товар за американските сили.
Челниците на копнената војска, морнарицата и воздухопловните сили, како и командантите задолжени за операции во Европа, Азија и Латинска Америка во доверливиот документ го предупредуваат Хегсет на ризиците од продолжување на воените дејствија против Иран.
Според лица запознаени со документот од 14 август, дел од силите распоредени на Блискиот Исток би требало да останат во регионот до септември, а дел и до 2027 година.
Токму можноста за дополнително продолжување на распоредувањето предизвикала противење кај дел од воениот врв, кој не се согласува со наредбата, но сепак ќе ја спроведе.
Командите за Европа, Пацификот и Јужна Америка предупредиле дека нивните бродови, авиони и друга опрема се пренасочени за поддршка на војната против Иран, што им го отежнува извршувањето на сопствените мисии и обуката.
Особено е оптоварена американската морнарица, за која се наведува дека повеќе не може долгорочно да го одржува сегашното ниво на поддршка бидејќи нема јасен датум за завршување на операцијата.
Во документот се истакнува дека само нешто повеќе од една четвртина од флотата на разурнувачи е подготвена за распоредување, што е значително помалку отколку пред војната.
Продолжени се и распоредувањата на дел од 82 воздухопловно-десантна дивизија, како и на единиците што управуваат со системите „патриот“, додека дополнително се намалени залихите на ракетите „патриот“, пресретнувачите ТХААД и крстосувачки ракети „томахавк“.
Портпаролот на Хегсет, Шон Парнел, изјави дека одлуките за обемот и времетраењето на ангажманот се носат врз основа на проценката на заканите, претседателските приоритети и советите на воениот врв.