„АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ЖРТВИ НА ПОЛИТИЧКИ КАРАВАНИ“ Еди Рама против учеството на македонски граѓани во Фламинго-револуцијата

Освен во Албанија, демонстрации беа организирани и во албанската дијаспора - во САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Шведска и Австралија.

1,246

Албанскиот премиер Еди Рама ги критикуваше организаторите на протестите што се одржаа синоќа во Тирана, кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“.

„Албанците од Северна Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата земја. Дијаспората се емигранти кои живеат во странски земји, а не тие, ниту Албанците од Косово, кои имаат своја независна држава“, напиша Рама во објава на социјалните мрежи.






22 дена Албанија се соочува со континуирани протести, наречени Фламинго-револуција, предизвикани од контроверзниот проект за изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со комапнија на Џаред Кушнер, зет на претседателот на САД Доналд Трамп,.

Освен во Албанија, демонстрации беа организирани и во албанската дијаспора – во САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Шведска и Австралија.

Учесниците во протестот бараат прекин на проектот, укинување на законот за стратешки инвестиции и измени на регулативите за заштитените подрачја, како и оставка на премиерот Рама.

НАД 250.000 ПРОТЕСТАНТИ ПОБАРАА ОСТАВКА ОД РАМА Најмасовен протест во Тирана против пректот „Зврнец“

 

Поврзани содржини