ЗИМАТА ДОЈДЕ ПОРАНО И ЌЕ ОСТАНЕ Доаѓаат студени денови со магла, снег, мраз и со северен ветер
Времето утре ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Во раните утринските часови во источните делови наместа ќе провејува слаб снег. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури секаде ќе бидат под нулата.
Најстудено ќе биде во Маврово, со утринска температура до минус 8, а најтопло во Гевгелија, со дневна температура до 4 степени Целзиусови.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Темшературата ќе се движи од минус 6 до 1 степен.
Во текот на новата седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а наместа и дневните ќе се задржат под нула степени.
По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
