🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ГОСТИВАР Симболот е вратен на јарболот
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е пријавен на 27 ноември во ОВР Гостивар, по што полициска екипа извршила увид.
Полицијата истражува кои се сторителите што го симнаа македонското знаме од јарбол во центарот на Гостивар.
Станува збор за државното знаме поставено од Општина Гостивар на улицата Илинденска.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е пријавен на 27 ноември во ОВР Гостивар, по што полициска екипа извршила увид. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Видео на кое се гледа како лице го симнува македонското државно знаме, а потоа со уште едно лице го тутка и го фрла на земја, се споделуваше на социјалните мрежи. Снимката ја објави и профилот „Патриотско друштво“, со напомена дека е преземена од ТикТок.
Засега не се соопштени детали за идентитетот на лицата што се гледаат на снимката, ниту за околностите под кои е отстрането знамето. Според подоцнежни медиумски информации, знамето е вратено пред општинската зграда.
Општина Гостивар реагираше на информациите објавени во медиумите за отстранување на државното знаме, посочувајќи дека знамињата пред општинската зграда и во центарот на градот се поставени и не се отстранети.
View this post on Instagram