📽️ НАОМИ КЕМПБЕЛ ВО НЕОБИЧНА УЛОГА НА ЈАХОРИНА Домаќините ја пречекаа со специјален поклон

Светската модна икона првпат гостува на олимписката планина во Босна и Херцеговина. Таа ќе застане зад диџејскиот пулт по концертот на Никола Роквиќ.

0

Британскиот супермодел Наоми Кемпбел денеска пристигна на Јахорина, каде што вечерва ќе настапи како диџеј на отворањето на скијачката сезона. Домаќините ја пречекаа светската модна ѕвезда со посебен подарок, рачно изработена традиционална носија од Сараевско-романискиот регион.

56-годишната манекенка попладнево слета на аеродромот во Сараево, по што се упати кон олимписката планина. Традиционалниот плетен фустан ѝ го врачи претседателот на Надзорниот одбор на Олимпискиот центар „Јахорина“, Недељко Елек.






– Ви благодарам што ме угостивте овде. Многу сум среќна што сум на Јахорина, во Република Српска. Одушевена сум, сигурна сум дека вечерва ќе имаме одлична забава и на сите ви посакувам успешен почеток на зимската сезона – изјави Кемпбел.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pink.rs (@pink.rs)

Елек се пошегува дека со доаѓањето на светската ѕвезда пристигнал и снегот на Јахорина.

– Јахорина е свет и светот е на Јахорина. Ние повеќе не сме ни регионално ни локално скијалиште, туку светско скијалиште – порача Елек.

Вечерашната забава ќе започне во 22 часот во голем шатор на планината. По концертот на пејачот Никола Роквиќ, Кемпбел ќе застане зад диџејскиот пулт.

Британската манекенка, која светската слава ја стекна на модните писти во 1980-тите и во 1990-тите години, од минатата година настапува и како диџеј на ексклузивни забави.

На отворањето на скијачката сезона на Јахорина вчеравечер настапија Жељко Јоксимовиќ и Ацо Пејовиќ.

Поврзани содржини