СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП – БИТОЛА Во „Бехтел и Енка“ нема плата под 60.000 денари

На повеќедневниот саем за вработување во Прилеп компаниите бараат градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, како и квалификувани и неквалификувани градежни работници.

0

Околу 1.200 нови, добро платени работни места се отвораат со забрзувањето на изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ги повика жителите на Пелагонија да ја искористат можноста за вработување во „Бехтел и Енка“.

– Огромна можност за многу луѓе да најдат работно место, но исто така и да стекнат искуства и знаења коишто е ретка прилика да се стекнат, затоа што не се гради секој ден автопат – изјави Николоски на саемот за вработување во Прилеп.






Компаниите бараат градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, како и квалификувани и неквалификувани градежни работници.

Николоски ги посочи и податоците за платите во двете компании.

– Просек за 2025 година е 137.000 денари, а тие немаат плата под 60.000 денари. Што значи, зборуваме за исклучително добро платени работни места – истакна вицепремиерот.

Тој ги повика да аплицираат жителите на Прилеп, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен и на Битола.

Според Николоски, во наредните 3 години се очекуваат интензивни градежни активности.

На саемот, кој ќе трае неколку дена, присуствуваа и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, заменик-министерот за економија Марјан Ристески, пратеници и претставници на „Бехтел и Енка“.

Фото: Министерство за транспорт
Поврзани содржини