СОПРУГОТ ШТО ЈА ПРЕТЕПА ГОСТИВАРКАТА СМЕСТЕН ВО БАРДОВЦИ, ПОВРЕДИЛ И ПОЛИЦАЕЦ Жената има 2 скршени ребра и скршен череп
Мажот употребил и остар предмет, соопшти МВР, давајќи детали за психолошката состојба на напаѓачот. Претепаната жена била пренесена во Скопје во бессознание. Моментално, жената е надвор од животна опасност.
Сопругот кој вчера брутално ја претепа 42-годишната гостиварка е сместен во Психијатриската болница во Бардовци бидејќи имал нарушено ментално здравје, јавува МВР. При приведувањето тој давал отпор, нападнал полициски службеници и повредил еден од нив.
Од полицијата информираат дека 52-годишникот е лице со нарушено ментално здравје.
„Исто така, при лишувањето, тој давал отпор и физички нападнал полициски службеници и повредил еден од нив. За настанот е известен јавен обвинител, а М.М. бил спроведен во Психијатриска болница – Скопје. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, се наведува во соопштението на МВР.
Според извори од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), жената денеска е стабилна и не е интубирана. При приемот ѝ биле констатирани 2 скршени ребра, парцијален пневмоторакс и отоци на главата.
„На КАРИЛ синоќа во животозагрозувачка состојба по претепување од сопругот е жена од Гостивар родена 1984 година, со скршен череп, крварење во мозок, сериска фрактура на ребра, воздух во плевра и полупаднато едно белодробно крило, а сниман е абдомен поради тоа што сопругот ја клоцал во стомак. Јавен обвинител е известен и вршел разговор со жената синоќа“, соопштија претходно од Јавното обвинителство.
Министерството за внатрешни работи утрово соопшти дека 52-годишниот М.М. бил приведен вчера во 14:10 часот во гостиварско село. Жената во бессознание била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување.