ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена од Гостивар со тешки повреди примена на Клиника

Жена од Гостивар со повреди на главата и градниот кош и деформитети на лицето е примена во скопскиот Ургентен центар. Полицијата разговара со неа.

0

Жена од Гостивар била брутално претепана од сопругот, по што со тешки повреди завршила во болница, дознава Плусинфо. Од СВР Тетово за Плусинфо го потврдија настанот, а според информациите до кои дојде редакцијата, станува збор за случај на семејно насилство.

Случајот го пријавил таткото на жената. Екипа на Итната медицинска помош ја пронашла повредената во бесознание, по што таа била пренесена во болницата во Гостивар. Откако се освестила и ѝ била укажана прва помош, со возило била транспортирана во Ургентниот хируршки центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.






Како што претходно објави „Слободен печат“, жената била примена со повреди на главата и градниот кош, како и со деформитети на лицето. Раководителот на Ургентниот хируршки центар, доктор Дејан Здравковски, за медиумот потврдил дека пациентката е на иследување.

– Пациентката е на иследување, има повреди на градниот кош и на главата, деформитети на лицето. Настанот се случил вчера, ама денес е пријавено. Полицијата е известена и разговара со неа. Жената е од Гостивар – изјавил Здравковски.

Од СВР Тетово за Плусинфо информираа дека сопругот на повредената жена е лишен од слобода и пренесен во полициска станица.

Повеќе детали за случајот од полицијата најавија во текот на утрешниот ден.

Поврзани содржини