ХАОС НА ОБИКОЛНИЦА, СООБРАЌАЈОТ ЗАГЛАВЕН КАЈ МИРКОВЦИ, СТАЈКОВЦИ И КАЈ РАДИШАНИ Возачите заглавени со часови, колоната достигна 2 километри

Застојот ги зафатил клучките кај Стајковци, Радишани и Мирковци. Засега нема официјални информации за причините за несреќата и евентуално повредени лица.

0

Голем сообраќаен метеж се создаде на скопската обиколница по сообраќајна несреќа на делницата од Бутел кон Мирковци, во правец кон Тетово. Според првичните информации од терен, колоната возила достигнала околу два километри.

Застојот ги зафатил и клучките кај Стајковци, Радишани и Мирковци, каде што возилата се движеле отежнато.






На возачите им се препорачува да го избегнуваат овој дел од обиколницата. Оние што патуваат кон Ѓорче Петров, Волково и Тетово може да ја разгледаат можноста за вклучување преку клучката Бутел, доколку таму сообраќајот се одвива непречено.

Засега нема потврдени информации за причините за несреќата, ниту за тоа дали во неа има повредени лица.

Поврзани содржини