📽️ КЕЛВИН КЛАЈН НА ПРОШЕТКА СО 38-ГОДИШНИОТ ПАРТНЕР Поради слабиот изглед на дизајнерот расте загриженоста за неговото здравје
По серијата загрижувачки јавни појавувања, изгледот на 84-годишниот моден дизајнер предизвика гласини за неговото здравје и за врската со 38-годишниот Кевин Бејкер. Инсајдер од модната индустрија тврди дека Клајн и покрај изнемоштениот изглед е силен и секојдневно вежба.
Модната легенда Келвин Клајн (84) неодамна беше забележан во Њујорк со својот 38-годишен партнер, моделот Кевин Бејкер. Двојката, која е заедно од 2016 година, се обидувала да одржува растојание додека била надвор, во обид да ги стивне гласините што во последно време се шират за здравјето на Клајн и за нивната врска, обележана со големата разлика во годините, пишува Дејли Мејл.
Дизајнерот, кој го лансираше својот истоимен бренд во 1968 година, во последно време е предмет на гласини – за неговото здравје и за врската со голема разлика во годините – по серијата загрижувачки појавувања, при кои неговиот „скелетен“ изглед предизвика споредби со „жив мртовец“.
Еден инсајдер од модната индустрија за „Дејли мејл“ изјавил дека, иако Клајн „изгледа навистина изнемоштено“, тој всушност „сè уште е силен затоа што вежба секој ден“.
– Едноставно е многу слаб, а нему тоа му одговара – додал изворот, тврдејќи дека сите во неговото опкружување се многу слаби. Тој смета дека слабоста е во мода.
Клајн, кој го основал својот истоимен моден бренд во 1968 година, ја продаде компанијата на корпорацијата PVH во 2003 година за околу 700 милиони долари. Од продажбата доби 215 милиони долари, а во компанијата остана уште неколку години како консултант-креативен директор.
Дизајнерот претходно беше во два брака и имаше врски и со мажи и со жени. Меѓу нив беше и врската со моделот Ник Грубер, кој беше 48 години помлад од него.
Пред да започне врска со Клајн, Бејкер бил познат како модел кој работел заедно со својот брат близнак. Двојката е заедно од 2016 година, иако некои извори тврдат дека нивниот однос од романтична врска се претворил во блиско пријателство.
– Тие во овој момент се само пријатели. Тоа е повеќе врска заради имиџ и удобност. Келвин сака да изгледа мажествено и актуелно, а партнерот му помага во тоа -изјавил еден извор.
View this post on Instagram
Други извори ја бранат нивната врска и ги отфрлаат тврдењата дека Бејкер го искористува Клајн.
– Келвин е навистина стар, а неговиот партнер веројатно разбира дека може да има некои неверојатни придобивки од врската со човек како Келвин, но тоа автоматски не значи дека го искористува. Тие се заедно цела вечност и Келвин би знаел доколку нешто сомнително се случува – изјавил еден извор.