ГОРДОН РЕМЗИ СТАНА ПАПА ЏИ Ќерката на славниот готвач роди девојче, а дедото се израдува на новата улога

Холи Ремзи и нејзиниот сопруг, олимпискиот шампион во пливање Адам Пити, ја добија ќерката Дафне Џун. Девојчето се родило на 25 ноември, а гордиот дедо веќе ја поздрави на социјалните мрежи и откри дека едвај чекал да ја добие новата титула.

0

Гордон Ремзи има нова причина за славење. Неговата ќерка Холи (26) и нејзиниот сопруг Адам Пити (31) го добија првото заедничко дете, девојчето Дафне Џун Ремзи-Пити. Среќната вест ја објавија на Инстаграм, каде што споделија и први фотографии од новороденчето.

– Дафне Џун Ремзи-Пити, добредојде на светот. Засекогаш ќе бидеш нашето прекрасно девојче и помала сестра на Џорџ. Им благодариме на сите лекари, медицински сестри и акушерки кои се погрижија да бидеме безбедни, здрави и среќни. Засекогаш ќе им бидеме благодарни – напишаа новопечените родители.






Гордон веднаш се огласи во коментарите и не ја криеше радоста: „Добредојде, госпоѓице Дафне. Честитки за Адам и Холи. Леле, леле, леле!“, напиша тој, додавајќи црвени срца. Мајката на Гордон, Тана, исто така има причина за радост, бидејќи ова е нивното прво внуче.

Веќе откри како сака да го викаат

Популарниот готвач уште на 18 ноември, кога доби ѕвезда на Холивудската патека на славните, откри дека семејството наскоро ќе се прошири. Холи не присуствуваше на свеченоста бидејќи се приближуваше терминот за породување.

– Семејството Ремзи станува поголемо. За неколку дена го добиваме нашето прво внуче – рече тој во говорот.

Во разговор со новинарите по церемонијата, 60-годишниот готвач откри и како сака да го викаат внуците – „Papa G“ (Папа Џи). Признал дека порано идејата да стане дедо му изгледала застрашувачки, но сега едвај чека да ја преземе новата улога.

Холи и Адам се венчаа на 27 декември 2025 година во историската црква Bath Abbey во Англија, на свеченост на која присуствуваа бројни познати гости. Се запознале преку нејзината сестра Тили, која учествувала во британското шоу „Strictly Come Dancing“ во 2021 година, во кое настапувал и олимпискиот пливач.

За Холи ова е прво дете, додека Адам веќе има шестгодишен син Џорџ од претходната врска со Еиријанед Монро.

 

Поврзани содржини