ГОЛЕМИ ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИ АНГАЖИРААТ ПОРАНЕШНИ НАТО-ФУНКЦИОНЕРИ ЗА БОРБА СО ХИБРИДНИТЕ ЗАКАНИ Дали ќе се справат со честите саботажи?

„Фортум“ го ангажираше поранешниот висок функционер на НАТО, Саму Паукунен, а „Несте“ го ангажираше поранешниот фински амбасадор во Велика Британија, Данска и Јапонија, Јуко Сиукосари.

1

Европските енергетски компании вработуваат поранешни функционери на НАТО, дипломати и експерти за безбедност за заштита на инфраструктурата од саботажи и сајбер напади.

Овие мерки следеа по честите инциденти во Европа кои би можеле да бидат дел од „хибридна војна“.






Финските компании „Фортум“ и „Несте“ ги зајакнуваат своите тимови за геополитички прашања. „Фортум“ го ангажираше поранешниот висок функционер на НАТО, Саму Паукунен, а „Несте“ го ангажираше поранешниот фински амбасадор во Велика Британија, Данска и Јапонија, Јуко Сиукосари.

Според Паукунен, инцидентите со беспилотни летала и другите форми на хибридно војување ги принудуваат компаниите да развијат сопствена експертиза во геополитиката и да инвестираат во подготовки за сценарија „кои претходно изгледаа невозможни“.

Неодамнешните инциденти вклучуваат хакерски напади во системите за ладење на супермаркетите и напад со беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг во август.

Во август, на германскиот аеродром Лајпциг/Хале, во близина на украински воен транспортен авион, беше откриен беспилотен авион со експлозиви. Берлин ја обвини Русија за инцидентот. Германското Министерство за внатрешни работи објави дека инцидентот се вклопува во „шемата на руските хибридни операции во Европа“.

Руската страна ги отфрли тие тврдења. Руската амбасада во Германија го нарече инцидентот „брзо скроена провокација“, а претседателот Владимир Путин рече дека доказите се „подметнати“.

Енергетските компании ја прошируваат и соработката со државните безбедносни служби за заштита на своите објекти.

Според весникот, неименуваниот генерален директор на „една од главните европски енергетски компании“ зборувал за ова на затворен состанок пред конференцијата ADIPEK во Абу Даби.

Поврзани содржини