КРАЖБАТА ТРАЕШЕ ПОМАЛКУ ОД ЕДНА МИНУТА Украдени картички Покемон со вредност од 130.000 евра
Петмина мажи им се заканиле на вработените во трговскиот центар со пиштол, а потоа ги скршиле витрините и зеле неколку вредни Покемон карти.
Петмина маскирани крадци украле картички Покемон во вредност од околу 130.000 евра од трговски центар во близина на Копенхаген, објави данската полиција.
Грабежот траел помалку од една минута, а крадците се обиделе да нападнат неколку ретки колекционерски картички, објави порталот BT.
Мажите им се заканиле на вработените во трговскиот центар со пиштол, а потоа ги скршиле витрините и зеле неколку вредни Покемон карти.
Полицијата бара петмина мажи кои избегале од трговскиот центар возејќи црвен автомобил Мазда.
Според извештаите на данските медиуми, само пред неколку дена, еден дилер понудил преку интернет исклучително вредна колекционерска картичка Пикачу од 1996 година.
Засега нема информации дали крадците ја украле и таа крта.