СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИТЕ Обезбедени се 400.000 дози од Турција

Според планот, вакцинацијата ќе се одвива во три фази, а ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042  животни во осумте региони.

0

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека почна да ги дистрибуира вакцините за сипаници кај овците и козите до ветеринарните друштва.

Обезбедените се 400.000 дози од вакцините против болеста сипсници кај овци и кози. Тие се од турско производство и обезбедени се како донација од Европската унија.






Согласно Планот за вакцинација од ЕУ, од среда се очекува да почне и аплицирањето на вакцината на терен.

АХВ ги доби резултатите од лабараториските тестирања  на вакцината кои беа спроведени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Проверен и потврден е нивниот квалитет како една од најдобрите вакцини за заштита на добитокот од оваа болест, како и нивната микробиолошка исправност и јачина.

Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042  животни во осумте региони. Првата фаза ги опфаќа Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Втората фаза ги опфаќа Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот со 1.558 стада  и 244.515 животни.

Од АХН наведуваат дека со третата фаза  ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Оваа фаза ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во постпарталниот период за кои вакцинацијата е одложена по документирана проценка на ризик – бенефит.

Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација.

Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875  животни, а нештетно отстранети се 9.359 животни.

 

Поврзани содржини