ИЗМЕНИ ЗА БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ ВО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК На комисија помина и посебен амандман за казна до 10 години затвор

Предложените измени на Кривичниот закон добија поддршка од собраниската комисија и одат во Собрание на натамошно разгледување.

0

Измените на Кривичниот законик што се однесуваат на делото „безобѕирно возење“ ќе бидат разгледувани во Собранието. Измените добија поддршка од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисијата прифати и посебен амандман што предвидува затворска казна од една до десет години за друго кривично дело.

Предлог-законот за измена на КЗ содржи и измени поврзани со перењето пари, финансирањето тероризам и конфискацијата на имот. Дел од предложените решенија се поврзани и со европскиот платен систем СЕПА.






Пратеникот Антонијо Милошоски ги образложи предложените измени на 88. седница на Комисијата. Во врска со „безобѕирното возење„, тој посочи дека се интервенира во членот 297 од Кривичниот законик. Измените ги предложило Министерството за внатрешни работи.

Комисијата прифати и амандман за членот 394 од Кривичниот законик поврзан со делото злосторничко здружување. Со него се предвидува затвор од една до десет години за сторител кој не бил свесен дека неговото постапување може да предизвика штетни последици, иако според околностите и личните својства бил должен или можел да ги предвиди.

Поврзани содржини