СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА Преку „Еуростандард банка“ пари се слевале во фирми блиски до Заев
Бранко Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека парите од Венецуела кои се слеале во Еуростандард банка биле поврзани со фирми блиски до семејството Заеви.
СДСМ молчел кога 110 милиони евра од Венецуела се слеале во „Еуростандард банка“, а парите завршувале во фирми блиски до семејството Заеви, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Тој тврди дека денес СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче шират паника во банкарскиот сектор, со цел да овозможат преземање банка од бизнисмен близок до поранешниот премиер Зоран Заев.
„Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард“, наведува Петрушевски во партиското соопштение, обвинувајќи ги екс-премиерот Заев и лидерот на СДСМ за двојни аршини.
Според него, во 2019 година, за време на владеењето на СДСМ, од Венецуела во Македонија биле префрлени 110 милиони евра преку фирми што тој ги поврзува со семејството Заеви.
„Истражувачки новинари, тогаш открија дека тие 110 милиони евра биле првата транша од планирате дури милијарда и 600 милиони евра“, тврди Петрушевски.
Тој наведува дека парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно регистрирани фирми во Скопје, со сопственици од Латинска Америка, а дел од трансакциите се одвивале и преку руски банки.
Петрушевски го обвинува СДСМ дека со сегашните настапи против Владата се обидува да предизвика недоверба кај клиентите на банка и да овозможи нејзино преземање од бизнисмен близок до Заев.
„Тие имаат за цел да уништат банка, да шират паника дека ќе им пропаднат парите на клиентите, и да дојде бизнисмен близок до Заев да ја преземе банката“, се наведува во соопштението.
Петрушевск порачува дека додека е Мицкоски претседател на Владата, банка нема да пропадне, а граѓаните ќе бидат заштитени.